Вовед
Со оваа политика се уредува начинот на плаќање и испорака. Внимателно прочитајте ја.
- Начин на плаќање:
Начинот на плаќање го бирате Вие при потврдување на нарачката.
Ние од Concept Room Ви ги овозможуваме следниве можности за плаќање на Вашата нарачка:
– Плаќање со платежна картица:
- Плаќање со Visa, Mastercard и Maestro дебитни или кредитни платежни картички од било која Банка во и надор од Македонија преку CaSys системот за плаќање.
Плаќање при испорака:
- Вашата нарачка може да ја платите при испорака, на курирската служба која ја врши доставата. Плаќањето се врши исклучиво во готовина.
Плаќање вирмански преку платен налог:
- Вашата нарачка може да ја платите вирмански преку платен налог. Доколку ја изберете оваа опција, на Вашата електронска адреса ќе добиете фактура со инструкции за плаќање. По извршеното плаќање Вашата нарачка ќе Ви биде доставена преку курирска служба.
Можност за плаќање на рати:
- Плаќање на 6 рати за нарачка поголема од 6.000,00 мкд, на 3 рати за нарачка помала од 6.000,00 мкд преку дебитните и кредитни Master картички на НЛБ Банка без камата. Плаќањето на рати се врши исклучиво во нашиот изложбен салон лоциран на Ленинова 52/1 Куманово. За дополнителни информации за оваа услуга контактирајте не на 070 302139.
- Начин на испорака:
Испраката се врши преку курирска служба со која Concept Room има склучено договор за соработка. Испораката се врши најдоцна 3 до 5 дена од потврда на нарачката. Вашата пратка секогаш ќе Ви биде доставена уредно спакувана, ние сме одговорни истата да Ви биде доставена уредно и без оштетувања. Повеќе за политиката за рекламации Ве молиме прочитајте во рубриката ‘’Рекламации’’.
За нарачка над 4.000,00 мкд испораката до Вашата адреса е бесплатна.
За нарачка помала од 4.000,00 мкд а содржи еден производ цена за испорака до Вашата адреса е 200,00 мкд.
За нарачка помала од 4.000,00 мкд а содржи два или повеќе производи цена за испорака до Вашата адреса е 250,00 мкд.
Цената за испорака ќе Ви биде вкалкулирана при потврдување на нарачката.
Важна напомена: За производите кои се во категоријата OUTLET трошоците за испорака се на товар на купувачот.