Вовед

Со оваа политика се уредува начинот на рекламации и откажување на нарачката. Внимателно прочитајте ја. 

  1. Рекламации на производи купени ONLINE од Concpetroom.com.mk

Ние во Concept Room одговараме Вашите производи да стигнат на Вашата адреса неоштетени и без физички недостатоци.

Доколку при достава на Вашиот производ забележите видливо оштетување или физички недостатоци, контактирајте не веднаш на concept.room@yahoo.com или на 070 302139 со следните податоци:

  • Ваше име и презиме
  • Број на пратка
  • Слика од производот

Оштетениот производ ќе Ви биде заменет, или средствата рефундирани.

Средствата ќе Ви бидат рефундирани најдоцна до 3 дена по добивањето на производот назад, трошоците за курирска служба за поврат на производот се на товар на продавачот-Concept Room. Рефундирањето на средствата ќе се изврши на сметката од која е извршено плаќањето. 

  1. Откажување на нарачка 

Доколку сакате да ја откажете Вашата нарачка, Ве молиме испратете ни електронска порака на concept.room@yahoo.com не подоцна од 15 дена од потврдување на  нарачката. Електронската порака треба да содржи:

  • Ваше име и презиме 
  • Број на нарачка
  • Причина за откажување на нарачката
  • Слика од производот /пратка

Доколку веќе сте извршиле уплата на откажаната нарачка, средствата ќе Ви бидат рефундирани на сметката од која е извршено плаќањето. Рефундирањето на средствата се врши не подолго од 3 дена од откажувањето на нарачката, или не подоцна од 3 дена од поврат на производот доколку производот е доставен. 

Доколку откажувањето на нарачката се случи по пристигнувањето на производот на Вашата адреса, истиот треба да биде некористен и во состојба како е доставен и спакуван.

Доколку е видливо дека производот е користен и не е во состојба во која е доставен, политиката за откажување на нарачката не важи.

При откажување на нарачката трошоците за курирска служба целосно се на товар на купувачот.